Познати се сместувачките капацитети во кои може да се искористат ваучерите
На официјалната веб страна осамнаа сите овластени туристички капацитети кои граѓаните ќе може да ги посетат и да го искористат добиениот ваучер без да ангажираат туристичка агенција велат од агенциите.
Целосната листа на сместувачки капацитети кои нудат искористивање на ваучерите за туризам од 6.000 денари кои граѓаните ги добија е објавена на официјалната страна „Дома си е дома“.
На официјалната веб страна осамнаа сите овластени туристички капацитети кои граѓаните ќе може да ги посетат и да го искористат добиениот ваучер без да ангажираат туристичка агенција велат од агенциите.
– Требаше да ни биде овозможен пристап на сајтот на министерството за економија да можеме да се регистрираме како туристички агенции за да можеме ваучерот да оди преку агенциите. Доколку туристички агенции беа вкучени во оваа кампања ефектот ќе беше многу поголем, ќе беа мотивирани колку толку да ја подобрат целата слика со туризмот во Македонија“, рече за „Алсат“ Јасмин Карапанчев- Туристички агенции.
Од министрството за економија тврдат дека агенциите не се исклучени, но останува сами да си направат договор со објектите и да ги нудат на граѓаните.
– Туристичките агенции може да склучат договор со некој од објектите и да продаваат аранжмани на лица кои поседуваат ваучер односно да посредуваат и да понудат дополнителни услуги со тоа што лицето задолжително ваучерот ќе го приложи во објектот каде што ќе престојува, а истиот објект ќе го фактурира износот до Министерство за економија – наведуваат од министерството за економија.
Овие ваучери ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември годинава, додека листата на сместувачки капацитети можете да ја погледнете на овој линк.