ПОЗНАТИ ПРВИТЕ БРОЈКИ НА РАЗМЕНЕТИ ЛИЦА Од израелските затвори се пуштени 39 Палестинки и деца, 24 заробеници ослободи Хамас
Хамас ослободи 13 израелски и 11 тајландски заложници.
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари потврди дека е примена група заложници од Газа, но и група на заложници пуштена од израелските затвори.
– Потврдуваме дека Црвениот крст прими 24 цивили задржани во Појасот Газа, вклучително и голем број цивили – жени и деца, согласно договорот за хуманитарно примирје – напиша портпаролот на социјалната мрежа X.
– Исто така, голем број тајландски граѓани се ослободени надвор од рамките на договорот за примирје и тие во моментов се на пат да излезат од Појасот со Црвениот крст – додава тој.
Во претходните изјави беше соопштено дека денеска ќе бидат ослободени 13 израелски и 12 тајландски заложници.
Ели Бин од Маген Дејвид Адом изјави за Канал 12 дека бројот на ослободени тајландски заложници на крајот бил 11, иако тоа не е потврдено од владини претставници.
Elderly Israeli hostage waves to the cameras as she is being released pic.twitter.com/PFvlJrdQMv
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 24, 2023
Портпаролот изјави дека Израел во согласност со Договорот за прекин на огнот ослободи 39 Палестинки и малолетни лица.
– Го потврдуваме ослободувањето на 39 жени и деца од израелските затвори како имплементација на обврските на првиот ден од Договорот – посочи Ал-Ансари.
BREAKING:
25 hostages were just released.
13 Israelis and 12 Thai nationals.
Via @ImMeme0 pic.twitter.com/hdpuzLw7Ui
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 24, 2023