ПОЗНАТ ПЕЈАЧ ЗАГИНА ВО ПРЕСТРЕЛКА НА ПЛАСТИЧАРСКА Уште две лица се ранети
Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал - соопшти МВР.
Познат пејач синоќа загинал, а две лица се повредени во престрелка која се случила по масовна тепачка на Пластичарска во Скопје.
Во полиција, најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на булеварот Никола Карев има пукање во кое има повредени лица. Во 23.45 часот пријавено е дека лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ „Наум Одридски“.
Во 23.51 часот од Ургентен центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повредени од огнено оружје.
Се работи за лицата О.Б. и А.И. од Скопје. Во 00.45 часот од Ургентен центар е пријавено дека лицето А. И. починало. Се дознава дека тоа бил познатиот пејач Амар Исмани.
– Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал – соопшти МВР.
