ПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАР СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Мирко Попов добил мозочен удар
Музичарот Мирко Попов во вторникот бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори да го спаси.
Еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика Мирко Попов (51), во вторникот бил хоспитализиран на една од скопските клиники поради тежок облик на мозочен удар и се бори за својот живот, објави Музика 24.
Попов бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори да го спаси. Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крвавење.
Мирко Попов е македонски ди-џеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимава уште од 1980-те години.
Тој во 1992 година добил простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и како музичар. Од 2008 година до 2010 година бил главен и одговорен урeдник на Канал 103.
Во 1998 година ја формирал дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, која промовира нова електронска музика и денес е една од водечките независна дискографски куќи во земјата.
Бројни пријатели и познаници на Попов преку социјалните мрежи сесрдно му посакуваат да закрепне.