ПОЗНАТ Е НАСЛЕДНИКОТ НА ЦИПРАС Нов претседател на СИРИЗА е Стефанос Каселакис

Каселакис ќе го наследи Алексис Ципрас кој 15 години ја водеше СИРИЗА, а пред речиси три месеци си поднесе оставка.

350

Со преброeни 75 проценти од гласовите, Стефанос Каселакис со 56,69 отсто е победник на изборите за претседател на СИРИЗА и е нов лидер на најголемата грчка опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Бизнисменот Стефанос Каселакис, кој живее и работи во САД, а речиси во последен момент ја достави кандидатурата за лидер на СИРИЗА победи со над 13 отсто повеќе од неговата противкандидатка Ефи Ахциоглу, која освои 43,31 отсто.






Околу 135.000 членови на СИРИЗА гласаа на денешните избори, односно во вториот круг, а поради големиот одѕив, гласањето беше продолжено за еден час, па така гласачките места затворија во 21, наместо во 20 часот.

Новиот лидер на СИРИЗА е 35-годишен бизнисмен кој живее во САД и кандидатурата за претседател ја достави на крајот на август, речиси во последен момент и беше последниот, петти кандидат, а за разлика од неговите четворица противкандидати за лидерската позиција кои беа познати на грчката политичка сцена, станува збор за ново име и многумина во Грција коментираа дека е изненадување во трката за претседател на најголемата опозициска партија.

Преку видеопорака на социјалните мрежи, Каселакис тогаш ја претстави неговата кандидатура, говорејќи отворено за неговиот живот, за неговиот партнер, порачувајќи дека „нема геј агенда, туку човечка агенда“, потенцираше дека е свесен дека нема партиско искуство, туку неговото искуство е во работата и социјалниот живот, а неговата кандидатура е „од општеството, за општеството“.

Поврзани содржини