Позитивната енергија победува! Доктор во целосна „корона-опрема“ по 12 часа смена танцува за пациентите (ВИДЕО)

Со позитивна енергија, тој се обиде да го избрка лошото расположение и да ги натера сите за момент да заборават на моменталната состојба.

737

Индиски хирург сподели оригинален танц на својот „Твитер“ профил, а негова цел беше да го подигне расположението на пациентите со коронавирус.

Со позитивна енергија, тој се обиде да го избрка лошото расположение и да ги натера сите за момент да заборават на моменталната состојба.






На неговиот профил на „Твитер“, покрај досадните објави, снима и фотографии кои ја отсликуваат суровата реалност и тешкотиите низ кои поминуваат лекарите за време на пандемијата, за кои често забораваме.

Малкумина размислуваат за тоа како се чувствуваат медицинските работници по неколку часа поминати под заштитна опрема.

Оваа фотографија прикажува како изгледа дланката на доктор по неколкучасовно потење под лекарската облека.

Сепак, и покрај сите тешкотии, овие херои успеваат да одржат позитивен став и да најдат нов начин да ги мотивираат своите пациенти. Можеме само да им честитаме!

Поврзани содржини