ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО Е ЛОКАЛИЗИРАН, ЦУК БАРА ИТНО РЕШЕНИЕ ЗА ДИВАТА ДЕПОНИЈА Зафатени биле 5.000 метри квадратни, граѓаните во опасност
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при повторното разгорување, пожарот се проширил до хотелот „Њу Стар“ и до блиските куќи. Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и за добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за Противпожарната бригада на Град Скопје, која честопати е ангажирана на истата локација, целат од ЦУК.
Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати 2 екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат.
Тие денеска интервенирале со 7 возила и со 20 пожарникари. Од пожарот, како што информира Центарот за управување со кризи, зафатена била површина од 5.000 метри квадратни, жито и еден магацин со градежни материјали, како и дворот од хотелот.
„Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот ‘Њу Стар’, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните. Центарот за управување со кризи апелира до сите надлежни институции и до локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои претставуваат непосредна опасност за животната средина и за јавното здравје“, стои во објавата на ЦУК на социјалната мрежа Фејсбук.
Оттаму информираа дека директорот на ЦУК, Мухамед Али, утрово испратил ново барање до надлежните институции со цел да се преземат конкретни активности за решавање на проблемот со дивата депонија. Во текот на минатата недела, како што се информираат од ЦУК, тој повеќекратно испратил официјани барања до надлежните институции.
„Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и за добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за Противпожарната бригада на Град Скопје (БППЗ), која честопати е ангажирана на истата локација“, велат од ЦУК.
🎥 ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО СТИГНА ДО КУЌИТЕ ВО НАСЕЛБАТА Сомнеж за подметнување, ЦУК бара итни мерки