ПОЖАРОТ ВО КОВИД БОЛНИЦАТА ЌЕ СЕ ТРЕТИРА КАКО ПОВЕЌЕКРАТНО УБИСТВО Не во Тетово, во Констанца во Романија

1,972

Пожарот што избувна вчера на одделот за интензивна нега во Клиниката за инфективни болести во романскиот град Констанца, ќе се истражува од надлежните органи и целиот случај ќе се третира како кривично дело повеќекратно убиство, изјави извор од судството за вестите на Адјерпрес агенцијата, а пренесува и светската сгенција АП.

Тим истражители излегоа на местото на несреќата по наредба на обвинителството во Констанца.






Најмалку девет лица загинаа во пожарот, а во болницата имаше 113 пациенти во моментот на несреќата, од кои 10 беа на интензивна нега.

Пожарот е изгаснат откако целиот објект е евакуиран.

 

Поврзани содржини