Пожарот во Кочани го потпалиле две жици од бандери
Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но за тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти - рече Ангелов.
Директорoт на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес конференција ги демантира синоќешните информации во некои медиуми дека пожарот во Кочани траел со денови, не бил изгаснат, па потоа се проширил и до куќите во градот.
– Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но за тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти – рече Ангелов.
Тој објасни дека на утринската седница на групата за процена составена од директорите на разузнавачките, контраразузнавачките служби, директорот на Бирото за јавна безбедност, како и директорите и замениците директори на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) едногласно се одлучило дека нема потреба од прогласување кризна состојба во државата поради пожарите.
Оваа одлука, како што рече, ја донеле поради неколку причини – прво бидејќи претседателот Стево Пендарвски во текот на вчерашниот ден даде наредба за уптреба на Армијата и тоа на копнените сили не само на воздухопловниот ВИНГ, така што благодарение на одредени законски и подзаконски акти и во овој момент можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на Армијата. Воедно, додаде Ангелов, и каналите за добивање меѓународна помош се отворени и добро функционираат и без прогласена кризна состојба.