Пожарот од Богословец се шири кон Штип

Поради брзина на ветерот пожарот брзу се шири кон територијата на Штип. Апелирам до сите институции да се вклучат во сузбивање на оваа огнена стихија која зафати над 100 хектари површина, напиша на Фејсбук Велковски.

698

Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе околу шест часа се ангажирани за гаснење на пожарот во селото Богословец, кој избувна попладнево. Александар Данев од Друштвото изјави дека биле повикани од службите да помогнат во гаснење и справување со пожарот кој сѐ уште не е ставен под контрола.

– Сега не дислоцираа на друго место, односно во штипската област каде што ќе треба да се справиме уште со еден пожар. Сега допрва треба да одиме на терен да видиме што се случува. Моментално на Богословец се останати професионалните пожарникари, Шумското, доброволци од градот Свети Николе, како и од околните села. Значи, луѓе кои самоиницијативно се дојдени. Полицијата е таму на терен, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и во тек е справување со огнот и во ноќни услови. Нема престанување, се со цел да не се прошири на поголема територија – изјави Данев.






Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски апелира за помош од институциите.

„Веќе неколку часа екипите на ТППЕ Свети Николе, ЈКП Комуналец, ЈП Македонски шуми , ЦУК, ДЗС, ДПД Свети Николе и граѓани се борат со огнената стихија што го зафати подрачјето околу село Богословец. Поради брзина на ветерот пожарот брзу се шири кон територијата на Штип.
Апелирам до сите институции да се вклучат во сузбивање на оваа огнена стихија која зафати над 100 хектари површина, напиша на Фејсбук Велковски.

Поврзани содржини