ПОЖАРОТ КАЈ СЕЛО ФУРКА Е ЛОКАЛИЗИРАН Во охридско има активен пожар меѓу селата Вапила и Расино

 Од ЦУК информираат за пожари и кај селата Никуштак  и Доброшинци. 

255

Пожарот кај село Фурка е локализиран синоќа. На терен се  екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и го догасуваат огнот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Досега се опожарени околу 12 хектари површина.






– Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато- велат од ЦУК.

Од ЦУК информираат и за пожари кај селата Никуштак каде што гори борова шума и сува трева  и Доброшинци, каде што  гори депонијата.

Екипи на противпожарната единица од Кичево гаснат пожар и во село Другово каде што гори плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа.

Поврзани содржини