Пожарникарите пак ќе се качуваат на скала, улицата пред Кјуби затворена

За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул. 11 Октомври на потег од бул. Кочо Рацин до ул. Крушевска Република - велат од СВР Скопје.

303

Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираа дека денеска со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.“11 Октомври“.

– За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул. 11 Октомври на потег од бул. Кочо Рацин до ул. Крушевска Република. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници – се вели во соопштението од СВР Скопје.






Како што веќе објавивме, во текот на вчерашниот ден Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имаше финална подготовка пред денешниот настан, при што беа презентирани можностите на новата противпожарна скала.

Поврзани содржини