ПОЖАРНИКАРИ ВО АКЦИЈА, ИЗВЛЕКЛЕ ВОЗАЧ ЗАГЛАВЕН ВО КАМИОН Судир на две товарни возила на патот Градско-Прилеп
По укажаната прва медицинска помош на местото на несреќата, повредениот е транспортиран со возило на Брзата помош кон кавадаречката општа болница, изјави за МИА доктор Антоан Паракеов.
Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на кавадаречкото село Раец.
Според информациите од Итната медицинска помош во Кавадарци, лицето било заглавено во кабина на камион и било ослободено од страна на пожарникарите.
– По укажаната прва медицинска помош на местото на несреќата, повредениот е транспортиран со возило на Брзата помош кон кавадаречката општа болница – изјави за МИА доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци.
Од Секторот за внатрешни работи – Велес потврдуваат дека несреќата се случила меѓу две товарни возила. Според портпаролката Биљана Ѓаковска, полицискиот увид е во тек, по што ќе следуваат повеќе детали за причините и околностите на сообраќајката.
Од АМСМ информираат дека од 19:55 часот на магистралниот пат А-1, Градско-Прилеп, кај с.Раец, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин.