ПОЖАРНИКАРИ НОЌВА ЌЕ ДЕЖУРААТ ВО СТРУМИЧКО СУШЕВО Во пожарот беа вклучени два хеликоптери на МВР

Во раните утрински часови од околу 05.00 до 06.00 часот ТППЕ Струмица со четири ПП возила и околу 15 пожарникари, а и со едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Радовиш, е планирано да се упатат на местото на пожарот над с.Сушево, велат од ЦУК.

165

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица со тим од два до три пожарникари со едно теренско возило ќе бидат дежурни на терен, конкретно ќе бидат противпожарна стража во с.Сушево во текот на ноќта, согласно одлуките на Општинскиот кризен штаб.

„Утре (01.07.2024 година), во раните утрински часови од околу 05.00 до 06.00 часот ТППЕ Струмица со четири ПП возила и околу 15 пожарникари, а и со едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Радовиш, е планирано да се упатат на местото на пожарот над с.Сушево. Истовремено, доколку е потребно, утре е можно ангажирање на соодветна воздухопловна поддршка од МВР според ресурсите со коишто се располага и утрешната конкретна ситуација на терен, а на барање на општината до Центарот за управување со кризи, што потоа се координира, исто така, од ЦУК со институциите од Системот за управување со кризи“, информираат од ЦУК.






Инаку претходно хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево, атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

– Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење – наведуваат од МВР.

Поврзани содржини