ПОЖАРНИКАРИ ГИ ИЗВЛЕКЛЕ ОД АВТОМОБИЛОТ Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица
Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница.
Две лица се повредени во сообраќајка која се случи попладнево во 17:30 часот на локалниот пат кон селото Добрашинци, откако автомобилот со кој се превезувале завршил во нива покрај коловозот.
Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека сè уште трае увидот од страна на полицијата
Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница.