Пожарникари апелираат: Ве молиме не ги стерилизирајте маските во микробранова
Здравствените експерти препорачуваат чистење на маските со перење на 60 степени со силен прашок за алишта, или рачно или во перална и потоа да се испеглаат.
На некои работи како јајца, стиропорот или гумени кукли не им е местото во микробрановата печка, а на тој список пожарникари поради коронавирусот ги додале и заштитните маски за лице.
Пожарникарите се соочуваат со пожари откако на социјалните мрежи излегле написи дека маските може да се дезинфицираат во микробранова печка.
По препораките за задолжително носење на маски, луѓето се во потрага за што поедноставен начин на нивна стерилизација и се сетиле на микробрановите печки.
– Но тоа претставува голем ризик за избувнување пожар – предупредуваат противпожарната служба на сојузната држава Вирџинија на Твитер.
– Ве молиме немојте да ги ставате маските во микробранова , дури ниту на кратко.
There are reports of masks being sanitized in microwaves, this is a major fire hazard, please DO NOT place masks in the microwave for any period of time. Instead, follow CDC mask cleaning guidance https://t.co/8jKq2rxKS9. Thanks and stay safe. pic.twitter.com/2ps1B98q3y
— Arlington Fire (@ArlingtonVaFD) April 20, 2020
Пожарникарите во Масачусетс објавиле фотографија на изгорена кујна предупредувајќи ги луѓето на загрижувачкиот тренд да се ставаат маските во микробранова печка за да ги убијат вирусите.
Проблем е меѓу останатото дека некои маски имаат метална жица. Германските противпожарни служби предупредуваат дека тој метал може да испушта искри во микробрановата печка и да ги запали и маската и микробрановата и куќата.
Здравствените експерти препорачуваат чистење на маските со перење на 60 степени со силен прашок за алишта, или рачно или во перална и потоа да се испеглаат, пренесува хрватски Индех.