ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА Апокалиптички слики од Евиа, наредена евакуација на населението (ВИДЕО)

Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, иако зградата е опколена со пожар.

3,386

Грција нареди нова евакуација на населението на селата во северниот дел на островот Евија, кои се опфатени со големи пожари.

Пожарникари, противпожарни авиони, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат пожарот што вчера избувна во шумата кај селото Лимни. Се чинеше дека има подобрување, сѐ додека промената на насоката на ветрот повторно не го запали огнот и не се прошири во неколку насоки.






Тројца пожарникари се повредени. Пожарот брзо се прошири и голем број куќи на тој остров се уништени.

Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, иако зградата е опколена со пожар.

– Ситуацијата е многу тешка. Пламените јазици се високи 30 до 40 метри во бороваta шума. Pожарот го опколи манастирот. Се гушиме од чадот, ова е кошмар – изјавил старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА .

Горат и предградијата на Атина. Во Турција, пак, пожарот што беснееше во провинцијата Мугли стаса до термоелектрана, па затоа во средата навечер беше наредена евакуација на вработените. Во моментов, 160 пожари се под контрола, но избија неколку нови.

 

Поврзани содржини