ПОЖАР ВО СПОРТСКА ОБЛОЖУВАЛНИЦА НА БИТ ПАЗАР Горела надворешната влезна врата
„Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.
Ноќеска во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар била опожарена надворешна влезна врата од објект на спортска обложувалница, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.