ПОЖАР ВО ОПАСНА ЗОНА ВО СКОПСКО Гори шума покрај бензинска пумпа во Дељадровце

На терен е Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје која во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот, при гасењето помагаат и мештаните со трактори, информираат од ЦУК.

462

Во Центарот за управување со кризи попладнево е пријавен пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, скопско.

Како што соопштија од ЦУК, според првични информации, гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.






– По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и веќе е на терен Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје која во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот на отворено. При гасењето помагаат и мештаните со трактори за да го пресечат пожарот на површината кон којашто се движи пламенот, наведуваат од ЦУК.

Поврзани содржини