Пожар во објект на плоштадот, излегува црн чад (ФОТО)
Екипите на Пожарна и на ЕВН велат дека се запалил кабел во гаражите и дека се обидуваат да го лоцираат проблемот.
Пожар избувнал вечерва во подземна гаража, според првичните информации од теренот, во објект на плоштадот Македонија.
Екипите на Пожарна и на ЕВН велат дека се запалил кабел во гаражите и дека се обидуваат да го лоцираат проблемот.
Дел од вработените се излезени надвор. Повеќе детали се очекуваат подоцна од Пожарната единица.