ПОЖАР ВО КИСЕЛА ВОДА Изгоре дуќан во близина на бензинска пумпа
На терен биле испратени осум пожарникари со три противпожарни возаила, благодарение на брзата интервенција, пожарот е брзо изгаснат.
Во дуќан во скопската општина Кисела Вода, вечерва избувнал пожар кој е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите. Опожарениот дуќан се наоѓал во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“.
– Пожарот е изгаснат за кратко време – вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА.
На терен биле испратени осум пожарникари со три противпожарни возаила. Дојавата за пожарот е примена околу 19 часот.