ПОЖАР ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ Густ чад излегува од фабриката
Од Противпожарната единица Скопје велат дека причина е електрична инсталација во печките.
Пожар избувна во Цементарница Усје од каде може да се забележи густ чад како излегува од фабриката.
Противпожарната служба е на терен и во моментот интервенира. Оттаму велат дека засега не станува збор за посериозен пожар и оти нема поголема опасност од него.
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.
Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.
Детали се најавуваат за подоцна во текот на денот.