ПОЖАР НАД ВЕЛЕС, ГОРИ КАЈ БАЗЕНОТ ЗА ВОДА Првите информации се дека горат кабли или смет

Пожарот бил пријавен во 17:56 часот, а пожарникари со противпожарни возила веднаш биле упатени кон локацијата над месноста Поток.

0

Пожар избувнал кај базенот за вода над месноста Поток во Велес, а пожарникарски екипи веднаш биле упатени кон локацијата.

Пожарот бил пријавен во Центарот за управување со кризи во Велес во 17:56 часот.






Според првичните информации, пожарот избувнал во близина на базенот за вода над месноста Поток. Пожарникари со противпожарни возила веќе се упатиле кон посочената локација за да интервенираат.

Во овој момент нема потврдени информации за точниот обем на пожарот.

Првичните сомнежи се дека горат кабли или смет, но причината и материјалот што гори треба дополнително да бидат утврдени.

Од велешкиот ЦУК најавија дека по добивањето на целосни информации од теренот ќе соопштат детални и прецизни податоци за пожарот.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Поврзани содржини