Во Државното училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успешно изгаснат и не предизвикал поголеми штети.
– Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат – изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.
Неофицијално, пожарот ја зафатил спортската сала која ја користат Факултетот за физичка култура и Средното фискултурно училиште. Учениците биле евакуирани.
Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.