Пожар избувна во урнатините на зградата на Флорида

Пожарникарите не можат да го пронајдат изворот на пожарот во урнатините во малото гратче Сурфсајд, во близина на Мајами.

286

Пожар изби денеска во урнатините на дел од зградата во сојузната американска држава Флорида и ги отежна напорите на спасувачите кои трагаат по 159 исчезнати лица.

Пожарникарите не можат да го пронајдат изворот на пожарот во урнатините во малото гратче Сурфсајд, во близина на Мајами.






Дел од дванаесеткатницата се урна во четвртокот, а досега е потврдена смртта на четири лица.

Претходно денеска, градските власти објавија извештај од 2018 година, во кој се наведува дека зградата на брегот на океанот, чиј дел се урна во четвртокот, имала „големи структурни оштетувања“ што требало темелно да се санираат.

Поврзани содржини