📽️ ПОЖАР ГО ПРОГОЛТА ТЕАТАРОТ „САНАЦАРО“ Огнот уништи културен симбол стар повеќе од 150 години

Голем пожар утрово го уништи историскиот театар „Санацаро“ во Неапол. Се урна покривот, евакуирани се околните згради, а четири лица се хоспитализирани поради вдишување чад.

98

Голем пожар утрово околу 6 часот го зафати и целосно го уништи историскиот театар „Санацаро“ во Неапол, во централниот округ Кјаја, јави италијанската агенција АНСА.

Пламените јазици брзо се прошириле, а покривот на објектот се урнал. Од безбедносни причини евакуирани биле сите станбени згради во непосредна близина. Четири лица се пренесени во болница поради респираторни проблеми предизвикани од чадот.

 






На терен интервенирале шест противпожарни возила, а екипите со часови се бореле со огнот за да спречат негово проширување.

 

Првичните информации упатуваат дека пожарот можеби бил предизвикан од краток спој, но точните причини сè уште се утврдуваат.

Театарот „Санацаро“ бил отворен во 1874 година и уште од своите почетоци бил симбол на неаполската комедија и популарниот театар. Во текот на 20 век минувал низ периоди на подем и криза, а бил оштетен и за време на Втората светска војна. Подоцна бил реновиран и повторно ставен во функција, задржувајќи го своето место во културниот живот на градот.

Со денешниот пожар, Неапол остана без уште едно значајно културно обележје.

Поврзани содржини