ПОВТОРНО ОШТЕТЕН СПОМЕНИКОТ НА ПРЛИЧЕВ Откорнати букви и тргнато знаме од паметникот
Полицијата вели дека преземаат мерки за расчистување на инцидентот на улицата Коста Абраш кај малиот плоштад во Охрид.
Откорнати се буквите од предниот дел на виртуелниот споменик на Глигор Прличев и отстрането е македонското знаме, соопшти полицијата.
Инцидентот бил пријавен синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид.
Полицијата вели дека преземаат мерки за расчистување на инцидентот на улицата Коста Абраш кај малиот плоштад во Охрид.
Ова е втор пат како е оштетен виртуелниот споменик на Прличев. Тој беше оштетен само два дена откако беше поставен, при што се обиделе да го украдат компјутерот. Тој беше поправен, а летово туристите имаа можност да „поразговараат“ со Прличев.