Синоќа околу 23 часот, пред општината Кисела Вода, на булеварот Борис Трајковски, беше удрен човек, објави Телма.
Повредениот паднал на асфалтот на на коловозната лента која води кон центарот на Скопје, а повеќе присутни граѓани му помагале и повикале Итна помош. Човекот лежел на асфалтот и не бил поместуван, за да не му се влошат повредите.
Неколку минути по ударот, пристигнала Брзата помош и настраданиот е префрлен во болница.
Автомобилот кој го повредил пешакот, по ударот завршил во бандера во близина на местото на сударот.
За денеска се најавени повеќе информации за настанот.
Фото: Телма