ПОВТОРНО ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК ОД ИДРИЗОВО! Опозицијата бара одговорност

Очигледно, ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта. Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк – рече Стоилковски.

243

Уште еден затовреник побегна од затворот „Идризово“, етнички Албанец со иницијали Р.К., кој поседува фото-албум од кој се гледа неговата блискост со ДУИ – тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Тој праша дали станува збор за организирана група блиска до ДУИ.

– СДС и ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл. Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето. СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта. Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк – рече Стоилковски.

Поврзани содржини