📽️ ПОВТОРНО ГОРЕШЕ ВАРДАРИШТЕ Жителите на Лисиче, Маџари и на Ново Лисиче ги затворија прозорите поради непријатната миризба
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера информираше дека МВР испратила дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис.
Вчера повторно гореше депонијата Вардариште. Жителите на скопските населби Лисиче, Ново Лисиче, Маџари, Аеродром се пожалија дека непријатна миризба се жири во воздухот. Од Центарот за управување со кризи велат дека на бројот 112 пристигнале бројни повици од загрижени граѓани за лошиот амбиенален воздух кој се ширел поради огнот.
„Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шири огнот и на поголем простор во околината. Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата, информираат од ЦУК.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера информираше дека МВР испратила дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис.
– Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите предмалку го изгаснале оганот но некаде на средината на дњпонијата на место кое во моментов е непристапно за нив сеуште има чадење – вели Ангелов.
Инаку според извештајот од ЦУК испратен утринава кај нив имало 2.230 повици на 112 во последното деноноќие. Од кои дел од нив биле за 13 пожари на отворено од кои еден сѐ уште се води како активен.
Оттаму додаваат дека следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. УХМР и докторите препорачуваат внимателност и при топлото време, но и при локалната метеоролошка нестабилност при прошетки во планините.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
View this post on Instagram