ПОВТОРНО Е ВОСПОСТАВЕН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА Еднодневниот штрајк на машиновозачите заврши, ќе добијат додатоци на платата
Според информациите, прекинот на железничкиот сообраќај бил поради неисплатени додатоци на плата на машиновозачите и на кондуктерите за поминати километри и за минат труд, кои, по еднодневен штрајк, им биле одобрени од раководниот тим на ЈП Македонски Железници транспорт.
По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14.30 часот, со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп, повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.
Следен воз е возот кој од Скопје за Гевгелија поаѓа попладнево во 16.55 часот.
Според информациите, прекинот на железничкиот сообраќај бил поради неисплатени додатоци на плата на машиновозачите и на кондуктерите за поминати километри и за минат труд, кои, по еднодневен штрајк, им биле одобрени од раководниот тим на ЈП Македонски Железници транспорт.
Инаку, поради штрајкот на машиновозачите и вчера и ова утро голем број патници од Велес и од другите попатни станици, најмногу од нив работници, ученици и студенти кои секојдневно патуваат за Скопје и имаат купени месечни билети од Железница, мораа да дадат дополнителни средства и до Скопје, наместо со воз, да патуваат со автобус. Голем дел од нив реагираат дека утрово дале дополнителни средства и задоцниле на работа или на училиште.
Како што информираат од Железничката станица во Велес, попладнево и утре утрината сите возови од Скопје и од Велес за Скопје и до останатите дестинации ќе сообраќаат според возниот ред.