ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Овој пат мета се неколку основни училишта во Oпштина Аеродром

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“ во населбата Аеродром. Учениците се евакуираат. Полицијата ќе направи антитерористички проверки.

276

Неколку основни училишта во Скопје утринава повторно добиле дојава за поставена бомба.

Според досегашните информации станува збор за училишта на територијата на општина Аеродром.






Меѓу нив е и основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче. Учениците се евакуираат, a полициските екипи се на терен. Во Основното училиште „Александар Македонски“ утрово има дојава за бомба, а иста закана е примена и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром.

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“ во населбата Аеродром. Учениците се евакуираат. Полицијата ќе направи антитерористички проверки.

Во моментов точниот број на училишта кои утринава добиле заканувачка порака за поставена бомба не е познат.

Од МВР потврдуваат дека утринава добиени се дојави за бомби во училишта, екипи се испратени на терен за да извршат проверки, а повеќе информации најавија за малку подоцна.

Поврзани содржини