На крстосница од улиците Горно Лисиче и Лисец во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Сообраќајката се случила вчера околу 06.55 часот.
Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.