На обиколницата на Град Скопје, синоќа патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.М.(34) од Скопје, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Н.М.(29), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Х.Р.(27) и Д.С.Р.(19), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид.