Повредени четворица мигранти и возач во сообраќајка кај винарија „Стоби“

236

На патот Градско-Велес во близина на винарија „Стоби“ утрово околу 7 часот се случила сообраќајна незгода во која лесно биле повредени четворица мигранти и возачот, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој појасни дека во случајот на местото на настанот била увидна екипа на граничната полиција која го превзела случајот.






Како што информира од велешката болница, утрово околу 7 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош со возило на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес биле донесени двајца  пациенти мигранти (18 и 19-годишна возраст), а нешто подоцна уште тројца пациенти, двајца   мигранти (20 и 23-годишна возраст) и возачот на возилото на 33-годишна возраст.

Тие сездобиле со лесни телесни повреди и не се задржани на болничко лекување.

Поврзани содржини