ПОВРЕДЕНИ 5 ЛИЦА, МЕЃУ КОИ И ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ Судар на полициско возило и „ауди“ во Скопје
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им била укажана лекарска помош.
Пет лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 18:20 часот на крстосницата меѓу булевар Србија и улиците 3 Македонска Бригада и 12 Македонска Бригада во Скопје.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило марка „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот М.Ј. од село Марино, скопско, и службено возило „рекстон“ сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на „аудито“, неговиот 73-годишен сопатник Б.Ј., како и возачот и двајца полициски службеници кои биле сопатници во службеното возило. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се сè уште се утврдуваат.