ПОВРЕДЕНА МАЛОЛЕТНА СОПАТНИЧКА НА ТРОТИНЕТ Се судриле автомобил и тротинет во Скопје

79

Малолетно девојче е повредено откако возило удрило во тротинет на кој се превезувале две девојчиња.

Како што соопшти полицијата, сообраќајната незгода се случила на 28.03.2026 околу 12:30 часот на крстосницата од улиците Зеф Љуш Марку и Фан Ноли во Скопје. Патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И.(55) од Штип се судрило со детски тротинет, управуван од малолетничка од Скопје.






Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка која се превезувала на тротинетот. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Поврзани содржини