Од Здравствениот дом во Крива Паланка вчера попладне било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О.(62) и М.О.(66) од истиот град.
Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.