Повреден полицаец при судир на три возила кај Миладиновци

322

Вчера во 06.44 часот на наплатна рампа „Миладиновци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“, со  штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел“, со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

 

Поврзани содржини