Пoвисоките платите во здравството го кренаа државниот просек на нето плата на 28.272 денари

Во одделни сектори во јануари платите почнаа да се намалуваат.

991

Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 отсто повисока од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во секторите „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 12,4 отсто, „уметност, забава и рекреација“ за 8,4 отсто и „информации и комуникации“ за 8,3 отсто.






Намалување во однос на декември 2020 година имало во секторите „финансиски дејности и дејности на осигурување“ за 7,7 отсто, „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ за 5,9 отсто и „информации и комуникации“ за 5,4 отсто.

Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 42.204 денари.

Поврзани содржини