Повисоката акциза ќе ги зголеми трошоците на преработувачите на овошје и зеленчук
Оттаму посочуваат дека ниската цена на горивата во моментот нема значење за индустријата бидејќи нивните главни преработувачки активности се во летните и есенските месеци кога, како што велат, цената на горивата ќе биде многу повисока
За Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) во која се здружемни преработувачите на овошје и зеленчук не е прифатлив предлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата на екстра лесното гориво, бидејќи тоа ќе влијае на зголемувањето на производствените трошоци, а со тоа ќе се намали и конкурентноста на производите наменети за извоз.
– Екстра лесното гориво (ЕЛГ) е многу важен енергенс кај поголемиот број од преработувачките капацитети – голем дел од нив се лоцирани во рурални средини и не можат да користат алтернативно гориво, ниту пак во скоро време ќе бидат опфатени со гасификацијата – велат од Асоцијацијата.