ПОВИКАН НА РАЗГОВОР, ГО ПРИЗНАЛ ДЕЛОТО Гевгеличанец ќе одговара за заканите кон Канал 5
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија, информира полицијата.
Гевгелиската полиција денеска изврши службен разговор со Р.Е. (47) од Гевгелија, поради упатени закани преку интернет кон вработени во Канал 5 телевизија, информира МВР.
Притоа Р.Е. го признал делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија, информира полицијата.
Како што пишувавме, претходно телевизијата Канал 5 објави дека од Фејсбук профил под име Роберт Елбасанов добила порака со навредлива содржина и закани во која меѓу другото се вели „да е ова асална држава, досега сите ќе бевте стрелани како кучиња“.
По оваа информација, здруженијата на новинарите, Агенцијата за медиумски услуги, како и СДСМ излегоа со реакции во кои се судуваат заканите и навредите кон новинари и побараа расчистување на случајот и одговорност.