Слободан Попоски веќе 10 години се бори со остеодарком, немилосрдна болест на која Цобе, како што го нарекуваат најблиските, храбро ѝ се спротиставува и покрај двете неуспешни операции.
Од минатата година тој е на третман со онкохипертермија и хемотерапија. Тој самиот на страницата gofundme.com повика за помош од сите добронамерни луѓе за следната операција која што чини 50.000 евра, а кои семејството на Цобе не е во можност да ги обезбеди. Сите години поминати во лекување и борба против подмолната болест, го чинеле Цобе многу пари. Триесет и осумгодишниот Цобе има сопруга и 5-годишна ќерка.
Број за донација преку операторот A1: 143-463
Сметка за донација:
Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје
Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попоски
Линк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk