ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАРИХУАНА – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 12.15 часот на ул.“808“ во Скопје, ги лишиле од слобода М.Е.(34) и Г.С.(44), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа денеска од МВР.
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – На 30.08.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Б.М.(30) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото Ц.С.(43) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
СУДАР НА АВТОПАТОТ ШТИП-СКОПЈЕ – Синоќа во 20.45 часот било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, после клучка „Преод“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и патничко моторно возило „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
МУ ФАЛЕЛЕ СТРАНИЦИ ВО ПАСОШОТ – На 30.08.2020 во 15.35 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена контрола на патна исправа на Л.П.(43) од Р.Албанија, кој патувал со автобус, било констатирано дека недостасуваат страници. Поради постоење основи на сомнение за обид за извршено кривично дело „фалсификување на патна исправа“ тој бил лишен од слобода и бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
АЛБАНЕЦ ПРИВЕДЕН ВО ГОСТИВАР – На 30.08.2020 во 15.35 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода П.Е.(49) од Р. Албанија поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО ПРИЛЕП – На 30.08.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на крстосницата од Кеј „9-ти Септември“ и ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(52) од Скопје и мопед „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
„ПАЈАК“ ЗБИРА – Во текот на 27, 28, 29 и 30.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 24 возила бидејќи биле нерегистрирани, 32 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, пет возачи бидејќи управувале возила со брзина поголема од дозволената, пет возачи поради поминување на црвено светло и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 31.08.2020)