ПОВЕЌЕ СКОПСКИ УЛИЦИ УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ Во 9 часот ќе започне хуманитарната ИТ трка

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул. 8-ми Септември, во близина на хотелот „Александар Палас", па сѐ до мостот на Вардар на бул. Киро Глигоров, во близина на хотел „Хилтон". 

690

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул. 8-ми Септември, во близина на хотелот „Александар Палас”, па сѐ до мостот на Вардар на бул. Киро Глигоров, во близина на хотел „Хилтон”.






МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини