Повеќе од милион деца во САД биле заразени со коронавирусот

Со оглед на тоа што многу често децата покажуваат мали или воопшто немаат симптоми, се претпоставува дека бројот на деца под 18 години погодени од вирусот е многу поголем во реалноста.

205

Податоците од студијата на Американската академија за педијатрија покажуваат дека коронавирусот е потврден кај повеќе од милион американски деца, а најголемиот број новозаразени деца е регистриран минатата недела.

Мрачните бројки покажуваат дека, иако тешките случаи на ковид-19 се чини дека се ретки кај децата, постои итна потреба да се соберат повеќе податоци за долгорочните ефекти на коронавирусот врз децата, вклучувајќи го и емоционалното и менталното здравје, посочува „Њујорк пост“.






Како што е наведено, досега, вкупно 1.039.464 деца во САД биле заразени со вирусот, што е 11,5 проценти од сите заразени. Со оглед на тоа што многу често децата покажуваат мали или воопшто немаат симптоми, се претпоставува дека бројот на деца под 18 години погодени од вирусот е многу поголем во реалноста.

Поврзани содржини