ПОВЕЌЕ ОД 78% ОД ТУРИСТИТЕ ВО АПРИЛ БИЛЕ СТРАНЦИ Најбројни биле Турци и Германци
Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4,2 %, а кај странските има зголемување за 21,6 %.
Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96.943, од кои 21,4 % се домашни туристи, а 78,6 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171.886, од кои 26,5 % се од домашните туристи, а 73,5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4,2 %, а кај странските има зголемување за 21,6 %.
Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 10,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 4,7 %, а кај странските има зголемување за 19,8 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во април се: Турција од каде што дошле 21.124 , потоа Германија со 11.097, Србија со 4.905 и Франција од каде што дошле 4.881 туристи.