ПОВЕЌЕ ОД 177 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СЛЕАЛЕ ВО БУЏЕТОТ ОД ЦАРИНИ Приходите од царина за увоз на возила се зголемени за 20%

Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7%, од царина за 22,7% и од акциза за 5,2%.

271

Вкупните приходи за една година во Царинската управа изнесуваат 177,3 милиони евра, а само кај наплатените царински такси за увоз на возила е регистриран пораст од 20 проценти, изјави директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на која направи пресек за едногодишното работење на Управата.

-Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3% или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7%, од царина за 22,7% и од акциза за 5,2%. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи, односно за 31% повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани – рече Николовски.






Тој нагласи дека зголемените контроли при увозот на автомобили, како и спроведените предкривични истраги за сторени кривични дела со употребувани возила дале позитивни резултати. Само во текот на оваа година Секторот за контрола и истраги поднел 41 кривична пријава што придонело за зголемена наплата на приходи по овој основ.

Николовски рече и дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

-Од почетокот на годинава, заклучно со мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани – рече тој.

Поврзани содржини