Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани.
Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.
Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на С Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Босна и Херцеговина е пет граѓани.
Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на С Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Босна и Херцеговина.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“.