ПОТВРДЕНО Е КОЈ ПОЛИТИЧАР ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ГОСТИН ВО БЕЛАТА КУЌА Еве кој ќе го посети Трамп

Овој состанок, на самиот почеток на мандатот на претседателот на САД, може да се смета како силен гест на поддршка од страна на Доналд Трамп.

389

Од кабинетот на израелскиот претседател, Бенјамин Нетанјаху, синоќа соопштија дека првиот човек на Израел ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, следниот месец, а Белата куќа потврди дека е поканет, објави британски Гардијан.

Кабинетот на Нетанјаху го наведе 4 февруари како датум на посетата, додека, пак, Белата куќа не го прецизираше точниот датум.






Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.

САД се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје, а познато е дека Трамп е многу поблиску до Нетанјаху отколку неговиот претходник Бајден. Тоа го покажаа неговите први потези по минатонеделната инаугурација.

Покрај укинувањето на санкциите за израелските доселеници од времето на Бајден на Западниот Брег, Трамп, исто така, предизвика бес со предлагањето да се „исчисти“ главно уништениот Појас Газа и да се преселат Палестинците во други арапски земји.

ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА ГАЗА ГО ШОКИРА СВЕТОТ Ултрадесничари во Израел аплаудираат, гнев во редовите на Хамас

Поврзани содржини